ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници
Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) денеска изразија загриженост за состојбата во „Еуроникел“ Кавадарци.
-Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останат без своите работни места, се вели во соопштението од ССМ и СИЕР.
Оттаму велат дека работниците не се информирани од раководството за тоа што ќе се случува со компанијата што е спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди.
Работниците и денеска одржаа предупредувачки собир пред компанијата.