Путин за средбата со Вучиќ: Ја споделувам неговата загриженост за состојбите во регионот!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, коментирајќи ја средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекинг, изјави дека Русија ја дели загриженоста на српскиот претседател во врска со настаните во Србија.

На прес-конференцијата Путин зборувајќи за посетата на Кина рече дека попат во Пекинг се сретнал со Александар Вучиќ.

– Патем, разговарав и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е загрижен за ситуацијата во неговиот регион, во Србија – рече Путин, а пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека „споделуваат загриженост“.

Претходно, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека накратко се сретнал со претседателот на Руската Федерација и дека тој „пука од самодоверба“.

И рускиот и српскиот претседател учествуваат на меѓународниот економски и политички форум „Појас и пат“ во главниот град на Кина, Пекинг.