Пензионерите од Тетово одново со протести и блокади

Тетовските пензионери и денеска го блокираа влезот на градот и побараа линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари. Велат дека власта сосема ги заборавила пензионерите кои за прв пат по осамостојувањето излегуваат на протести.

„Да се добие подостоинствен живот на пензионерите кои се запоставени. Многу се ниски пензиите и преку овие протести ги бараме нашите права. Од работната група која работи на создавање на услови и разгледување на барањата се уште нема резултати, до крај на месецот ќе излезат со став. А од социјалните мрежи читав премиерот вели дека со закон ќе се регулира минималната пензија, но ние бараме линеарно покачување“, изјави Селвер Мемети, претседател на Здружение на пензионери Тетово.

Пензионерите апелираат, владините министри да ги извадат розевите наочари и да ја погледнат вистинската слика и скапотијата низ државата