Битиќи најавува „праведно решение“ – корекција на платите за функционерите

По покачувањето на платите за 78% на фукнционерите, се огласи вицепремиерот Битиќи. Во гостување на ТВ24 најави законско решение со кое ќе се изврши корекција на Законот за плати за избрани и именувани лица.

Тој рече дека целта е носење поправедно решение со кое би се ослободиле средства кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за најранливите катерогии.

Ваквата одлука дошла откако Владата донела одлука со која се задолжени четири министри да оформат нови антикризни мерки.

Битиќи рече дека со пренамената на буџетот ќе има нови околу 70 милиони евра за нови антикризни мерки и дека за неколку дена пред јавноста ќе биде презентиран новиот пакет.