Со масовен протест на плоштадот Слобода штипските пензионери го прославија денот на македонското востание и ја повикаа министерката Тренчевска да види како живеат тие, а и приготвија и пензионерски ручек.
– Среда, посно, пиперка со ориз, затоа што е толкаво нашето покачување, изјави пензионерка од Штип.
– Тренчевска и Станка, тие можеби не јадат посно, јадат бифетци и ф’стци, ама ние и без зејтин ги направивме за да не трошиме зејтин и струја, изјави пензионерка од Штип.
Покачувањето од 600 денари за пензионерите е игра со нивните чувства. Додаваат дека за сопствените пари за кои работеле по 40 години денеска мора да бидат на улица. Со ова покачување не може да се преживее месецот, мора да бираат дали ќе купат храна и лекови или ќе платат сметки.
Лековите масовно поскапуваат. Што ќе прави овој напатен народ, зар немате жал? Ние ве избравме, избраници наши, ајдуци сте вие. Вие ја украдовте Македонија, на нас ни фрлате коска, а вие го земате месото. Срам за парламентот, срам за Тренчевска, изјави пензионерка од Штип.
Пензионерите остануваат со истите барања, линеарно покачување и услогласување на минималните пензии.
Се знае, по којзнае колку пати кажавме, 5000 денари линеарно и минимална пензија од 18000 денари, додаде пензионер од Штип.
Децидни се дека протестите продолжуваат со се поголема масовност до исполнување на барањата и истите во иднина ќе се радикализираат.