На аеродромите во Скопје и Охрид утре нема да има полетување и слетување од 11 до 17 часот

Македонскиот Синдикат на контролори на летање го известил Еуроконтрол дека утре од 11 до 17 часот нема да има слетувања и полетувања од аердромите во Скопје и во Охрид.

Иако во текот на вчерашниот ден беше испратена информација од страна на М-НАВ до медиумите дека најавениот штрајк за утре е ставен во мирување, денеска претседателот на Синдикатот на контрола на летови – Александар Тасевски со друг став.

Тој ги демантираше изјавите на директорот Фахрудин Хамиди дека се прифатени барањата на Синдикатот и оти е постигната спогодба.

„Сакам да ве известам дека информациите кои беа испратени во текот на вчерашниот ден од страна на УО на М-НАВ, како што известија одредени медиуми, дека се прифатени барањата на ССКЛ и дека е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч до 17ч во мирување се тотална невистинити и дезинформација на јавноста која не само што ги доведува во забуна сите патници кои го планирале своето патување во текот на утрешниот ден, туку ги доведува во забуна и авиокомпаниите, а што дополнително ќе резултира со непотребен хаос поради неможност соодветно да ги испланираат засегнатите летови“, рече Александар Тасевски.