Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави дека сака да ги ревитализира и нормализира односите со Србија.
„Сакам да ги ревитализирам и нормализирам односите со Србија, веќе делумно успеавме во тоа. Доказ за тоа е мојата посета на Белград. За нас Србија е најголемиот туристички пазар, а лани беше и најголемиот странски инвеститор, а немаме амбасадор и директни платежни трансакции“, изјави црногорскиот претседател, пренесува Вијести.
Според него, наместо политиката да биде замаец, таа речиси ги опструирала односите.
„Тоа не е моја политика, политика на опструкција. Сакам тоа да се промени. Не треба да заборавиме дека приказната за Европската унија започна како регионална интеграција, тоа треба да биде и нашиот пат. Оваа порака ја пренесов на средбата во Загреб“, рече Милатовиќ во Котор.