Рафаел Надал му се враќа на тенисот, ќе игра на Австралија Опен

Рафаел Надал ќе игра на Австралија опен, потврди директорот на турнирот Крег Тајли.

Шпанецот (37) кој има освоено 22 грен слем титули, нема играно тенис од јануари 2023 година и се повреди во второто коло на Австралија Опен. Оваа година тој беше подложен на операции.

„Можеме ексклузивно да откриеме дека Рафа ќе се врати. Разговаравме неколку пати во последните неколку дена и тој ми потврди дека ќе се врати. Возбудени сме поради неговото доаѓање, одлично е“, рече Тајли за победникот на Грен слем во 2009 година и во 2022 година.

Надал, за многумина најдобриот тенисер на сите времиња заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, ќе може да настапи на Австралија Опен благодарение на заштитениот пласман. Некогашниот тенисер број еден во светот денес е само 240. на АТП ранг листата.

Тој претходно изјави дека следната година ќе му биде последна во професионалниот тенис.