Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Куршумлија, во Србија.
Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, земјотресот се случил синоќа во 22 часот и 25 минути.
Земјотресот бил на длабочина од девет километри, со епицентар во селото Растелица.
Земјотрес од оваа јачина не може да предизвика штета.