Борел: Утре итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел соопшти дека за утре свикал „итен состанок“ на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој ќе се разговара за ситуацијата во Израел и Газа по офанзивата на палестинскиот екстремистички Хамас.

„Свикав за утре итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во врска со ситуацијата во Израел и во регионот“, напиша Борел на платформата „Икс“.

Судирите продолжуваат и денеска трет ден откако исламистичкиот Хамас започна офанзива против Израел од Појасот Газа.

Повеќе од 700 луѓе се убиени во јужен Израел од почетокот на офанзивата на Хамас во саботата, додека најмалку 493 лица се убиени во нападите на израелската армија во Појасот Газа, според најновите податоци на локалните власти.