Една петтина од руските шпиони кои дејствуваат во Европа се стационирани во Швајцарија, пишува Блумберг.
Околу 80 руски агенти моментално работат во Швајцарија, изјави висок функционер на швајцарската разузнавачка служба на членовите на Комитетот за надворешна политика на швајцарскиот национален совет, пренесува оваа медиумска куќа.
Тој посочува дека Швајцарија практично станала база на руски шпиони, како и дека на територијата на Европа има вкупно околу 400 руски агенти.
Швајцарија е неутрална земја и строго се придржува до тој принцип, па во своите постапки нема практика да протерува дипломати од својата земја, а тоа важи и за Русија.