Шолц: Избегнувајте поширок „пожар“ на Блискиот Исток

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја нагласи потребата да се избегне поширок „пожар“ на Блискиот исток откако Хамас го нападна Израел, пренесе АП.

Шолц рече дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата и го убедил дека безбедноста на Израел е камен-темелник на германската политика. Тој вети дека „ќе постапиме соодветно“.

Тој рече дека планира да разговара со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и дека ќе го поддржи Египет во напорите за посредување и деескалација.

Шолц додаде дека телефонски ќе разговара и со лидерите на САД, Франција и Обединетото Кралство за да ја процени ситуацијата.

– Јасно е дека силно ги осудуваме акциите на Хамас, но пред се правиме се за да спречиме овој напад да се претвори во пожар со несогледливи последици за целиот регион – и ги предупредуваме сите во оваа ситуација да не поттикнуваат тероризам – рече Шолц.

Израелското знаме беше подигнато во неделата во канцеларијата, зградата на Рајхстагот на германскиот парламент и канцеларијата на германскиот претседател.

Германија ја зголеми заштитата на еврејските и израелските објекти.