
„Фич“ предупредува: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година
Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед, што значи дека рејтингот на земата сеуште не е инвестициски, пишува Блумберг адриа.
Фич предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик.
Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски.
Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од кредибилните и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната поврзаност на девизниот курс со еврото“.
За оваа година „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната , а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции.
„Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирањето на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор.
Проектот на „Бехтел и Енка“ ќе „јаде“ два отсто од буџетот во следните пет години
Освен позитивниот ефект, „Фич“ предупредува и на можните негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д.
Имено, тешко ќе биде остварлива владината цел за буџетски дефицит од 3,4 отсто од БДП во текот на 2024 година заради дополнителните трошоци. Агенцијата препорачува прилагодување на трошоците и нови мерки.