
Првиот човек на општина Кавадарци, Митко Јанчев незадоволен од делењето на фудбалската правда на дуелот од 10 коло во Првата лига меѓу Тиквеш и Шкупи најави кривична пријава за главниот судија на мечот.
Јанчев смета дека ФК Тиквеш бил оштетен од судиите во дербито на 10 коло од Првата лига за пенал и недосуден регуларен гол.
Поради тоа градоначалникот на Кавадарци најави кривични пријави за судиите и тужба до Фудбалската федерација на Македонија.
Главен судија на мечот во Кавадарци беше Јован Качевски од Струга.