(Видео) Пожари во Соње, се гасне од птичја перспектива

Во атарот на селото Соње во општина Сопиште попладнево избил пожар во чие гаснење биле ангажирани три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Воздухопловните единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште, ги упати двата хеликоптера Бел-412 и Бел-212 во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.

Во пожарот кој беше пријавен околу 13.50 часот, а настана на м.в Блатоица, беше опожарена нискостеблеста и високостеблеста шума на површина од околу 20 хектари, веќе е локализиран, а двата полициски хеликоптери при гаснењето исфрлија над 13 тони вода и помогнаа во неговото локализирање.