Вучиќ: Држете ја главата горе, да се бориме уште посилно за нашата Србија!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на граѓаните уште посилно да се борат за Србија.

„Мојата порака до граѓаните на Србија е да ја кренеме главата и да се бориме, да се бориме за нашата Србија уште посилно. Да работиме понапорно. Да ја заштитиме нашата земја на секое место, да ја чуваме нашата земја“, напиша Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.