Манчестер јунајтед шест децении немал толку лоша одбрана како сезонава

Манчестер јунајтед синоќа имаше уште еден лош меч кој го загуби и прими три голови, одбраната и Андре Онана повторно беа под стандардите на гигантот од Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед прими 18 голови на 10 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Тоа за нив е најмногу примени голови во првите десет меча од една сезона по 1966/67 кога примиле 20 погодоци.