Се појави видео од човек кој во Штип продава ајварка, при што додека објаснува колку е цената, вели дека крадат на вагите и тоа треба луѓето да го знаат. Додека ова го коментира човекот се смее и вели дека луѓето ќе ги боли главата и ајварот ќе им излезе поскап.
Луѓето кои го виделе видеото, велат дека човекот барем е искрен, но и дека новинарите ќе имаат материјал за гафови. Сега сме во период од годината кога луѓето подготвуваат зимници.