Апасиев се жали за негрижата на јавните површини: Што фатија – исушија

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи коментира за садниците на јавните површини кои не се соодветно одржувани.

„Скопје ли е, Аеродром ли е, Велес ли е… Општа НЕГРИЖА насекаде. Шо фатија – исушија!“, пишува тој.

 

Забелешка има и од граѓаните дека надлежните треба повеќе внимание да посветуваат на зелените јавни површини.