Европската комисија дека новото проширување на Европската Унија е геополитичка неопходност и почнува да ги подготвува реформите на политиките и на институциите на Унијата неопходни за таа цел, објави претседателката на Европската комисија, Урусла фон дер Лајен.
– Новото проширување на Европската Унија не е само повик на историјата, туку геополитичка неопходност. Треба да ја утврдиме визијата за нашето успешно проширување, поради што Европската комисија започна претпристапна аанализа на политиките на ЕУ за да одлучи како ќе функционираат нашите институции, нашиот буџет, нашите безбедносни гаранции по проширувањето на Унијата – рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерката на Латвија, Евика Силина во Брисел.
Фон дер Лајен истакна дека Летонија е светол пример за успешна интеграција во ЕУ, која продолжуваа да го продлабочува своето интегрирање во Унијата и по речиси 20 години од приклучувањето кон европското семејство.
Претходно германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека проширувањето на ЕУ е неопходна последица на украинската криза. Според неа, напредокот на Украина во реформата на правосудниот систем и законодавството за медиумите е импресивен, но Киев сè уште треба да работи на спроведувањето на антиолигарскиот законб и борбата против корупцијата.