Актуелниот шпански шампион Барселона го продолжи договорот со својот легендарен играч, а сега тренер Чави (43) до летото 2025 година.
Доколку понатамошната соработка биде успешна, постои опција за продолжување на уште една сезона.
Чави на клупата на Барселона пристигна на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени и 19 порази.
Минатата сезона тој ја предводеше Барселона до првата титула во лигата по четири години, а исто така го освои и шпанскиот Суперкуп.
Чави во текот на својата играчка кариера 17 години го носеше дресот на Барселона со која освои 25 трофеи, а за каталонскиот клуб одигра вкупно 767 натпревари.