Зеленски: Ќе го ослободиме Бахмут и два други клучни украински града

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили ќе го ослободат источниот град Бахмут и уште два клучни украински града од руските војници.

– Ќе го деокупираме Бахмут. Мислам дека ќе деокупираме уште два града – рече Зеленски за време на разговорот со новинарите во Вашингтон, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека нема да каже за кои градови станува збор.

– Нема да ви кажам во кои градови, извинете. Имаме план. Многу, многу сеопфатен план – додаде Зеленски.