Пет лица меѓу нив и едно дете исчезнаа по поплавите во Западна Турција

Во западна Турција, по обилните врнежи и поплави коишот го опфатија овој реон, пет лица се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, јави државната новинска агенција Анадолија.

Поплавите однесоа и бунгалови во одморалиштето во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија.

Турција во средината на август беше погодена од топлотен бран. Температурите на исток и понатаму се над нормалните вредности за овој период од годината, додека на други места времето е стабилизирано, соопшти метеоролошката служба.

Обилни дождови вчера ја погодија и Мугла во југозападна Турција, при што молњите предизвикаа пожари на 36 одделни локации.

Во текот на викендот од поплави беше зафатен и регионот на Црното Море.

Агенцијата за управување со катастрофи АФАД предвиде натамошни бури за западниот и југозападниот дел на земјата, предупредувајќи за поројни поплави, удари од гром и силен ветер.