
Томи Алингтон (25), асистент кој снимал и фотографирал како сексуално злоставува бебе е осуден на 24 години затвор.
Обвинителите на судот во Велс изјавија дека тој постојано го малтретирал бебето.
Полицијата за целиот случај дознала кога на социјалната мрежа Инстаграм добила разузнавачки информации за непримерни фотографии, по што бил пронајден тајниот телефон на Алингтон кој го сокрил на таванот.
На него се пронајдени повеќе од 1.500 фотографии од сексуално злоставувани деца, од кои 252 се во категоријата А – ги прикажуваат најекстремните видови на злоупотреба, пишува Дејли Мејл.
Тој снимал и снимки и фотографии од себе, што на полицијата и овозможило да го идентификува момчето кое е повредено. Истрагата открила и дека тој на интернет објавил слики на кои го злоставува момчето и се фали со други педофили.
Откриени се и разговорите на Елингтон каде тој зборува за придобивките од злоупотребата на децата кога се уште се бебиња затоа што не можат никому ништо да кажат.
Детективите го идентификувале момчето и ги контактирале неговите родители.
Мајката на фотографиите и видеата го препознала синот.
Судот го осуди Алингтон на продолжена затворска казна поради ризикот што го претставува за децата. Тој претходно се изјасни за виновен по 17 точки од обвинението за силување на деца, сексуален напад, поттикнување дете на сексуална активност, поседување непристојни слики на деца, дистрибуција на непристојни слики на деца и поседување непристојни слики. Овие кривични дела не биле поврзани со неговата училишна работа и тој немал претходни пресуди.