
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, утрово во 9 часот и 31 минути регистрираше земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.3, чиј епицентар се наоѓа 140 km источно од Скопје во соседна Р. Бугарија.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на станиците инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 4.9.2023 година во 9 часот и 31 минути регистрираше земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.3, чиј епицентар се наоѓа 140 km источно од Скопје во соседна Р. Бугарија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот е почувствуван од населението во Делчево, Тработивиште и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.