
Српскиот кошаркарски репрезентативец Бориша Симаниќ доживеа повреда на Светското првенство (СП) на натпреварот против Јужен Судан, а за него се пренесува страшна вест.
Во самата завршница на мечот против најмладата кошаркарска селекција во светот на овој шампионат, Симаниќ доби удар во телото и не можеше да продолжи да игра. Многу брзо сите сфатија дека повредата е сериозна и тој истата вечер мораше на операција.
Иако се очекуваше се да биде во ред со кошаркарот, 25-годишникот доби страшни вести затоа што лекарите морале да му го отстранат еден од бубрезите.
Симаниќ беше дебитант во селекцијата на „орлите“.
Професионалната кариера тој ја започна во 2014 година во Црвена Звезда, а играше уште и за ФМП и Мега.
Сега е член на шпанска Сарагоса.