Двајца планинари загинаа на Алпите – еден се лизнал и ги повлекол останатите со себе

Двајца планинари загинаа денеска во несреќа на планината Ортлер на источните Алпи, соопштија спасувачите.

Во несреќата се повредени уште двајца планинари, додаваат спасувачите.

Според Анса, загинаа 35-годишен Германец од Минхен и 46-годишен Романец.

Несреќата се случила утрово во 6 часот и 20 минути, кога група планинари со помош на јаже се искачувале на врвот на планината.

Се сомнева дека еден планинар при падот се лизнал и ги повлекол другите со себе.