
Не стивнуваат реакциите по скандалот од клиниката на онкологија, а на оваа тема се огласи и мајката Дејана Новаковиќ чија ќерка се лекувала на клиниката за онкологија. Револтирана мајката на својот Фејсбук профил пишува: ,,Ми го убија детето”.
„Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на Клиника за онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечлив тип на канцер они со ‘терапијата’ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава! Ке активирам сее што е во моја моќ и Ве замолувам сите што мозете да помогнете да се вклучите! Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен! Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“, пишува Дејана Новаковиќ.