Аеродром и Гази Баба ќе останат тешко поврзани? Арсовска не кажува кога ќе се догради мостот на булевар АСНОМ

Од Град Скопје нема информација дали ќе продолжи изградбата на мостот на булевар АСНОМ кој се уште не е довршен. Неговата изградба почна во преме на поранешниот градоначалник Петре Шилегов и повеќе од половина е завршен, а требаше да го олесни поврзувањео на општините Аеродром и Гази Баба.

По стапувањето на функцијата градоначалничката на Скопје Данела Арсовска првично рече дека нема да го догради мостот и тој ќе служи само за фаќање риба, а потоа се премисли и рече дека ќе биде довршен овој проект.

Арсовска тогаш изјави дека за довршување на овој проект проблем е експропријацијата на околните куќи каде треба да се гради и дека штом завршат со тоа ќе продолжат со работа.

Но градежни активности таму нема. а досега нема информација дали е направена експропријацијата и кога ќе се доврши мосот.

Освен што не е довршен овој мост, надвор од употреба е и мостот Беласица, кој беше затворен по штетите предизвикани од пожарот. Со тоа луѓето кои секојдневно патуваат од Аеродром до Гази баба имаат проблеми во секојдневното функционирање.