Семејството на Халина Хачинс – директорката на фотографија која почина во октомври 2021 година за време на снимањето на филмот „Rust“ поднесе тужба против актерот Алек Болдвин, кој ракуваше со пиштолот кој испука куршум кон неа.
За време на снимањето на независниот игран филм Rust во близина на Санта Фе, актерот Алек Болдвин (63) пукал од реквизит и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс (42), додека режисерот Џоел Соуза (48) беше хоспитализиран поради повредата.
Во своето прво обраќање до јавноста, преку Твитер, по оваа трагедија, актерот истакна дека во истрагата соработувал со полицијата.
„Нема зборови со кои можам да го опишам мојот шок и тага поради трагичната несреќа што го однесе животот на Халина Хачинс, мајката, сопругата и нашата ценета колешка. Целосно соработувам со полицијата во истрагата за да се утврди како дошло до оваа трагедија“ – напиша меѓудругото Болдвин.
Меѓутоа, набргу потоа било откриено дека Болдвин одбил да го предаде својот мобилен телефон на полицијата, по што бил издаден налог за претрес, а дури во средината на јануари неговиот телефон дошол во рацете на полицијата.
Болдвин во интервју по трагедијата рече:
Не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би извадил пиштол, никогаш. Некој ставил вистински куршум, а куршумот воопшто не требало да биде на тој имот“ рече актерот.