Туфегџиќ: СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ нема стабилно гласачко тело, зависи од гласовите на неопределените
„Двете големи политички партии има пад на своето конто. Веројатно се работи за разочарување кај граѓаните од водењето на политиките. На овие избори прашањето е кој загуби помалку, ВМРО-ДПМНЕ загуби помалку“
„Треба да анализираат во партијата (СДСМ) за грешките, од 2018-та СДСМ има определен пад. Ако Локалните во 2017 беа врвот, во 2018-та веќе има пад, а во 2019-тата првиот круг од претседателските избори се зборуваше за пораките што ги испратиле граѓаните кои не излегоа на гласање. Двете големи политички партии има пад на своето конто. Веројатно се работи за разочарување кај граѓаните од водењето на политиките. На овие избори прашањето е кој загуби помалку, ВМРО-ДПМНЕ загуби помалку“ рече поранешната пратеничка Ивана Туфегџиќ во последното издание на „Трилинг“.
Таа даде свое мислење и за најавите дека неколку групации имаат амбиции за преземање на СДСМ, меѓу кои и Бранко Црвенковски.
„Има сериозна група граѓани кои се заситени од големата традиционалната политичка сцена. Нема да коментирам внатрепартиски прашања, не сметам дека може да се обвинува некаква внатрепартиска битка за исходот од изборите. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имал стабилен корпус на гласачи, и овојпат на локалните избори видовме судир на гласачките тела, а во тој судир СДСМ има помалку гласови. Тоа кажува дека СДСМ нема стабилно гласачко тело, туку зависи од гласовите на неопределените“ смета Туфегџиќ.