
Италијанскиот стручњак Роберто Манчини е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија.
Манчини пред две недели поднесе оставка од селекторската функција на Италија, а со Саудиска Арабија потпиша четиригодишен договор.
Неговите први натпревари на клупата на Саудиска Арабија ќе ги има против Костарика на 8 септември и Јужна Кореја четири дена подоцна.
Двата натпревари се пријателски.
– Напишав историја во Европа, сега е време да испишеме историја со Саудиска Арабија – изјави Манчини.
Италијанските медиуми објавија дека Манчини ќе заработува 25 милиони евра годишно и дека 56-годишниот тренер ќе биде претставен на прес-конференција во понеделник.
– Исклучителна чест ми е што ми беше понудена функцијата селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Верувам дека ова е одлична можност за мене да го искусам фудбалот во нова земја, особено со зголемената популарност на фудбалот во Азија – изјави Манчини.
На местото на Манчини на клупата на италијанската репрезентација дојде Лучијано Спалети.
Како селектор на Италија, Манчини ја освои титулата европски првак во 2021 година, но не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар следната година.