Прилепчанец во Битола возел со 5 промили алкохол во крвта

МВР информира дека рано утринава во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 18 возачи.

Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол во крвта.

За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.