Го пријавил синот за семејно насилство, излегол од полициска станица и починал

Маж на возраст од 74 години од Липовица починал синоќа пред полициската станица во Печењевац, кај Лесковац. Го пријавил синот за семејно насилство.

Според очевидци на оваа трагедија, несреќниот човек дошол да го пријави својот син кој наводно со мачета го бркал по дворот во семејната куќа во неговото родно село, пренесува српски Курир.

Откако полициските службеници во блискиот Печењевац му зеле изјава, мажот ја напуштил станицата, колабирал пред неа, а лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.