Сообраќајка на патот Ужице – Златибор, загинале мајка и татко, девојчиња се повредени

Утринава во сообраќајна несреќа во која учествувале камион и автомобил на патот Ужице – Златибор, што се случила околу 08:00 часот, загинале маж и жена, а две девојчиња се повредени, дознава Нова.рс.

Како што дознаваат српските медиуми, околу 08 часот се судриле цистерна и патничко возило „шевролет“, при што според неофицијални информации, од повредите починале мајката и таткото кои биле во автомобилот, додека, според првичните информации, повредени се две девојчиња и тие се третирани во болница.