Силен земјотрес на Родос

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Родос.

Земјотресот се случил во 6:09 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот, според Геодинамичкиот институт, бил во морето на длабочина од 58 километри, на 17 километри северно од Ембон.