
Според претседателката на Косово, Вјоса Османи, Косово е „природен партнер на Украина“ и очекува дека сега е време Украина да донесе „храбри одлуки“ за воспоставување „меѓудржавни односи“.
„Очекуваме дека Украина ќе му возврати на поддршката на Косово како независна и суверена држава и природен сојузник во овој регион. Војната ги зближи нашите народи и сега е време за храбри одлуки да се воспостават и нашите односи“, рече Османи.
Таа рече дека рускиот наратив, кој случајот со Косово го зема како пример за оправдување на војната во Украина, „треба да биде отфрлен од сите и дека никој не треба да падне во оваа стапица на Путин“.
Украина не ја признава независноста на Косово.