
Во понеделник во Њујорк започнува последниот Грен слем во сезоната (УС Опен), а по една година пауза на терените ќе биде и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ го пропушти УС Опен минатата година бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот, а последниот меч го одигра на четвртиот Грен слем пред две години кога во финалето загуби од Данил Медведев.
Српскиот тенисер доаѓа во Њујорк по освоената титула на Мастерсот во Синсинати.
„Многу сум нервозен, како и сите. Луѓето мислат дека немам никаков стрес или напнатост, но всушност напротив, имам многу. Се согласувам со него, добивам стрес. Секој има свој начин да управува со тоа. Имав физички потешкотии во финалето на Синсинати, Карлос одигра брилијантно. Направивме финале за паметење, беше возбудливо и мора да биде во првите три во мојата кариера. Затоа паднав на теренот по натпреварот, почувствував како да сум освоил грен слем. Се чувствував исцрпено неколку дена потоа. Имам сила и на 36 години“, изјави Ѓоковиќ.
Првиот меч на УС Опен ќе го одигра против Французинот Александар Милер.
„Полека се навикнувам на условите во Њујорк, има многу работи кои се различни. Ја земам енергијата што ја има овој град, се надевам дека ќе ми помогне во следниот период. Што се однесува до условите, топките се потешки. Во Синсинати условите беа неверојатно брзи, топките летаа. Тешко беше да се воспостави контрола. Терените овде изгледаат малку побрзи отколку во Охајо, иако топките се побавни“, рече Ѓоковиќ.