(Видео) Магија на Роналдо – Кристијано ја воодушеви публиката со прекрасна асистенција, па потоа постигна хет трик

Фудбалерите на Ал Наср и Ал Фатех се сретнаа во третото коло од Лигата на Саудиска Арабија, а по 90 минути екипата предводена од Кристијано Роналдо победи со 5:0.

Натпреварот го одбележаа голем број погодоци, а ова е голот кој најмногу се истакна по прекрасната асистенција со пета на португалскиот фудбалер.

Во листата на стрелци се запишаа Садио Мане со 2 и Кристијано Роналдо со 3 гола, а головите беа постигнати во 27., 38., 55., 81. и 90+6. минута.