Вчера во Скопје казни за 352 возачи, 108 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 108 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.