Портпаролот на ЕУ: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина загинал

Европската Унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал во авионската несреќа.

– Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот. Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, многу тешко ни е да потврдиме за тоа, а не е наше да коментираме – изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Портпаролот на ЕУ истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји.

Стано кажа дека ЕУ се надева дека ќе престане „негативното влијание“ на операциите на „Вагнер“, додавајќи дека е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“.

Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „погодува дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некои конкретни последици за активностите на „Вагнер“.