Доживотен затвор за директор на училиште – силувал 13 девојчиња
Директор на интернат на исламско училиште во Индонезија бил осуден на доживотна казна поради силување на најмалку 13 ученички, од кои некои останале бремени.
Директорот Хери Вираван признал вина и им се извинил на жртвите и нивните семејства во текот на судењето.
Тој е обвинет дека во период од 2016. до 2021. година во училиштето, во хотелски соби или изнајмени станови силувал најмалку 13 ученички на возраст од 11 до 14 години. Наводно некои девојчиња останале бремени и родени се најмалку 9 бебиња.
Полицијата почна истрага и го уапси Вираван во мај минатата година, откако родители на едно девојче пријавиле дека нивната ќерка кога се вратила на распуст признала дека се породила.