Јаневска: Учениците и оваа година ќе ја почнат без учебници заради власта на СДС и ДУИ

И покрај лажните ветувања на власта, новата учебна година повторно ќе почне без учебници, иако Законот за основно образование вели дека учениците на 1 Септември треба да имаат бесплатни учебници. Спротивно на тоа, одредени учебници ќе нема, а за нив ќе има материјали за учење во електронска форма односно во ПДФ формат. Тоа значи дека учениците пак ќе бидат дискриминирани како што заклучи Комисијата за антидискриминација и дека одреден број ученици повторно ќе учат од скрипти односно фотокопии“ рече денеска на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вториот скандал приреден од власта на ДУИ и СДСМ на само 7 дена пред почетокот на учебната година е Решение за донесување на Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од 1 во до 6то одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година. Станува збор за документ објавен на веб страната на БРО, непотпишан, кој објаснува како треба да се одвива наставата според „Новата програма за унапредување на образованието во Македонија”, која Министерот тајно ја потпиша, без да ја информира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ два пати реагираше и укажа на неквалитетот на оваа програма, но дури денес, кога треба да се имплементира, во јавноста станува јасно за што станува збор“ вели Јаневска.

Таа напомена дека „станува збор за комплетна импровизација во наставата во основното образование. Имено откако измислија интегрирани предмети, природни и општествени, сега откако видоа дека Концепцијата е неспроведлива, што ние 3 години го тврдиме, воведуваат модули. Во историја и општество има модули историја, географија и граѓанско образование. Историја во 6то одделение ќе се предава во прво полугодие со 62 часа. Географија на почеток на второ полугодие до мај со 36, а граѓанско образование на крај со 10 часа. Така наставникот по историја во второ полугодие нема да предава историја туку изборни предмети според потребите на децата, на пример за етика на религиите, заштита на животната средина, фотографија, готвење, родова еднаквост, финансиска писменост и слично или ќе работи тоа што ќе му одреди директорот, можеби да води архива, да контролира хигиеничари или слично“.

„Го повикувам Министерот за образование и наука веднаш неодложно, уште денес да ги поништи 3 те документи: Новата програма за унапредување на образованието, Насоките за планирање, организација и реализација на настават од 1-6 то одделение во 2023/2024 година и решението за Насоките. Министре Шаќири ве повикувам веднаш да ја суспендирате Концепцијата на Мила Царовска, ако не сакате цел живот на совест да го носите комплетното руинирање на образовниот процес во Македонија и булингот кој Владата го врши над наставниците и учениците, донесувајќи вакви со културен збор необјасниви документи“ рече Јаневска.