
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја започна сезоната со Наполи, но може до крајот на преодниот рок да ја промени лигата затоа што за него има интерес од Германија.
Како што пишуваат медиумите од Турција, понуда за играчот од средниот ред има од РБ Лајпциг. Сумата која се споменува дека е понудена на Наполи е триесет милиони евра. Првиот одговор од Наполи бил негативен, меѓутоа преговорите се во тек.
Целата зделка активно ја прати и Фенербахче, поранешниот клуб на Елмас, кој има клаузула со Наполи да добие средства од евентуална продажба.
Елмас има договор со Наполи до 2025 година, а во калчолигашот е од 2019 година, каде дојде од Фенербахче.
Претходно, репрезентативецот настапуваше за Работнички.
Еден од лидерите на македонската репрезентација за Наполи одигра вкупно 174 меча на кои даде 17 гола со уште 11 асистенции.