И донирала орган на сестра си: Прва трансплантација на матка во Велика Британија

40-годишната донаторка, која веќе има две деца, несебично ја „подарила“ својата матка на помалата сестра која сака да основа семејство со сопругот, но поради здравствената состојба е родена без матка.

Во комплицираната операција за отстранување на матката од донаторот и вградување на нејзината сестра учествувале два тима и осум хирурзи кои работеле во соседните операциони сали и сето траело вкупно повеќе од 17 часа, пишува Дејли Меил.

Иако операцијата траела подолго од планираното, таа поминала добро и вградената матка е „целосно функционална“, велат хирурзите кои ја извршиле трансплантацијата.

Операцијата е извршена во болницата Черчил во Оксфорд.

Жената која ја прими матката рече дека е „преоптоварена“ од тоа како се одвиваат работите и дека е „многу, многу возбудена“ од можноста да стане мајка.