Медведев: Ние исто така би можеле да ги анектираме Јужна Осетија и Абхазија!

Дмитриј Медведев рече дека Русија може да ги анектира отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија.

Поранешниот руски претседател и сегашен заменик претседател на рускиот Совет за безбедност тврди дека „идејата за приклучување кон Русија е сè уште популарна во Абхазија и Јужна Осетија“.

„Многу веројатно би можело да се спроведе доколку има добри причини за тоа“, додаде тој во написот објавен од рускиот весник „Аргументи и факти“ во вторникот вечерта.

Како што потсетува Index.hr, Грузија стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, додека Јужна Осетија веќе се повлече од Грузија во 1992 година и се прогласи за независна република, но повеќето земји не ја признаваат како таква.

Абхазија се бореше и победи во војна за отцепување со Грузија во 1992-93 година, а официјално прогласи независност во 1999 година. Сепак, повеќето земји сметаат дека тој регион е дел од Грузија.

По грузиско-руската војна во 2008 година, Москва ја призна Абхазија како независна држава, а Грузија одговори со прогласување на регионот за „окупиран“ од Русија.