
Јоргос Зервогиоргис, полубрат на убиениот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, вели дека братот Михалис не бил хулиган и бара „правдата да биде задоволена“.
„Мајка ми е во шок, има проблеми со срцето, јас сум фан на Панатинаикос.
Михалис го сакаше АЕК. Тој ден наутро отишол на работа, а попладне на кафе со пријателите во Нова Филаделфија. Тој не е хулиган“, изјави полубратот на Кацурис, пренесува Индекс.хр.
За тоа дали неговиот брат учествувал во договорената пресметка меѓу хулиганите, Зервогиоргис вели:
„Дојде дома на ручек и ѝ кажа на мајка ни дека ќе оди на кафе, често го правеше тоа.
Во овој момент, немаме јасна слика за тоа што се случило. Освен снимката на која хулиганот го брка со палка, немаме ништо друго. Полицијата не ни кажа ништо. Во болницата ни рекоа дека починал од длабока убодна рана“, изјави Зервогиоргис.