
Врховниот суд на Тајланд денеска му одреди притвор на поранешниот лидер Таксин Шинаватра, по неговото враќање во земјата по 15 години егзил и пред парламентарното гласање за назначување на нов премиер.
74-годишниот милијардер, кој беше на власт меѓу 2001 и 2006 година пред да биде соборен со државен удар, ќе мора да помине осум години зад решетки.
Во три случаи му се судеше во отсуство.
Шинаватра беше однесен пред Врховниот суд под полициска придружба набргу откако пристигна на аеродромот Дон Муанг во Бангкок од Сингапур околу 9:00 часот по локално време.
Во исто време денеска во Собранието се гласа за нов премиер, три месеци по изборите, на кои генералите на власт доживеаја пораз.