Во тек е седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Со почеток во 18 часот, започна седницата на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата не кажуваат детали, освен дека ќе се разговара за актуелната политичка ситуација во земјава.

По завршување на седницата, се очекува партијата да одржи прес-конференција на која ќе бидат соопштени донесените заклучоци.