Битиќи: Наредните години ќе растат и пензиите!
Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања рече дека се размислува и ќе се посегне по промена на моделот за раст на пензиите затоа што сегашниот модел не обезбедува достоинствен раст на пензиите.
„Решение може само низ конструктивен дијалог. Кај минималната плата осигуруваме дека и наредните години ќе растат и кај пензиите исто така ќе има раст. Во делот кој разговараме е моделот со кој пензискиот фонд да се одржи стабилен и одржлив за да може од него да се добиваат пензии и наредните пензионери. Не сум научен да играм со проценти и со решение во кои не гледам доследна анализа. Предвидливоста ќе ја имаат до 2026. Сакаме решенија со кои ќе им овозможиме достоинствен живот. Сметам дека пензискиот фонд осигурува доволно стабилен приход за да се обезбеди пораст на пензиите“ рече Битиќи на ТВ24.